Фестивал

Седмото издание на уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест“

19.05.2023 10:55

Целта на овогодишниот фестивал за улични живи статуи „Статуафест“ е да се каже „стоп“ на синдромот на брзо живеење...

Под мотото „Голема брзина на стоењето“ денеска во Скопје ќе се одржи седмото издание на уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест“.

Целта на овогодишниот фестивал за улични живи статуи „Статуафест“ е да се каже „стоп“ на синдромот на брзо живеење.

Артистите кои ќе настапуваат на овогодишниот фестивал се од продукција Театроск, организатор на фестивалот, што е поддржан од Министерството за култура и ВВ Тиквеш.