Земјоделство

Агрономите алармираат на појава на болести кај посевите во струмичко

19.05.2023 11:33

Контуинираните врнежи од дожд, последните денови, може да предизвикаат болести кај посевите во струмичкото регион. Вака алармираат агрономите, кои апелираат до земјоделците да ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на растенијата, кои овој период се подложни на вирусно и бактериско заболување...

Градинарите од струмичко да бидат претпазливи, бидејќи последните временски услови со врнежи и сонце се идеални за појава на заболувања. Вака посочуваат агрономите, откако изминативе неколку дена во струмичко има контуинирани врнежи од дожд со сончеви периоди.

Според Ивановски, земјоделците треба да се консултираат со стручни лица, бидејќи одредени болести може многу брзо да се прошират на посевите, при што штетите ќе бидат огромни

Врнежите од дожд и преголемата влага во почвата предизвикува и застој на пролетната сеидба во струмичко, пред сè градинарските култури и тутунот.

Ване Трајков