Ереван и Баку на преговори во Москва
Шефот на руската дипломатија, Лавров, вели дека средбата е дел од позитивната динамика во преговарачкиот процес...

Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан, во Москва, во рамки на мировните преговори. Шефот на руската дипломатија, Лавров, вели дека средбата е дел од позитивната динамика во преговарачкиот процес.
На 14-ти мај, премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, се сретнаа во Брисел со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Двете страни позитивно го оценија исходот од дебатата.
И министерот за надворешни работи, Османи, како претседавач со ОБСЕ, иницираше состанок во Охрид меѓу Ереван и Баку. Охрид, веќе се претстави како поволно место за преговори, по неодамнешната средба на Белград и Приштина со посредништво на САД и ЕУ.
