КСЗД

До Комисијата за спречување и заштита од дискриминација лани поднесени 248 претставки

19.05.2023 12:16

Расте бројот на поднесени претставки пред Комисијата за антидискриминација. Заклучно со 31-ви декември лани, поднесени се 248 претставки, а дополнително поведени се и 7 постапки за заштита од дискриминација по службена должност. Утврдена била дискриминација во 70 случаи, од кои 23 како потешки облици...

Вознемирувањето насочено кон ЛГБТ-популацијата на социјалните мрежи е најчестата форма на дискриминација пријавена во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Најмногу претставки се поднесени врз основа на национална или етничка припадност. Според комисијата, пријавите од граѓаните се доказ дека тие уживаат доверба и дека дискриминацијата е присутна во општеството.

Лани се утврдени 70 случаи на постоење дискриминација, од кои 23 се потешки облици. Во првиот квартал од годинава веќе се стигнати речиси 100 претставки.

Од комисијата порачуваат дека ниту една форма на дискриминација не треба да се толерира.

Поради непостапување по препораките на комисијата, поднесени се 14 барања за поведување прекршочни постапки против дискриминаторите. За 9 и судовите повеле постапки.

 

 

 

Ана Јосифоска Тодоровска