Македонија
Дамева поднесе тужба до Управниот суд за нејзиното разрешување
19.05.2023 13:24
Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева поднесе тужба до Управниот суд...

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева поднесе тужба до Управниот суд. Таа ја оспорува законитоста на одлуката за нејзиното разрешување од функцијата и смета дека постапката била незаконска.
Дамева поднела и кривична пријава до Обвинителството за злоупотреба на службена должност и овластување.
Дамева пред неполн месец беше разрешена од функцијата претседател на Судскиот совет, откако нејзиниот заменик повика на гласање што беше поддржано од седум членови. На местото на Дамева дојде Сашко Георгиев.
