Субвенции од над половина милион евра за македонска музика

30.11.2013 11:26

Авторите на музика и аранжмани, изведувачите, музичките продуценти и музичките уредници кои ќе бидат избрани преку јавен оглас, ќе добијат 512.000 евра годишно за компонирање на нови 200 музички дела. Овој проект на Владата, ќе трае 10 години. Јавниот оглас е објавен денеска, а ќе трае до 15 декември.

„На овој начин владата продолжува со поддршката на домашната музичка продукција, со создавање на културно богатство, и со поддршка на голем број лица кои се во музичката индустрија, изведувачи, аранжери, текстописци, продуценти и останати, со што се поддржува културата и се остваруваат целите за општествен развој за кои е поставен проектот“, вели Александар Ѓоргиев, портпарол на Владата.

Јавниот оглас за субвенционирање на композици стартува на почетокот на јануари. Ќе бидат опфатени по 75 забавни и народни и 50 детски песни. Носител на сите процеси ќе биде Македонската радио телевизија. За субвенции на музичката индустрија, владата ќе одвои 5 милиони евра.

Александра Перевска