Работната група за уставни измени го усвои Деловникот
Во Владата состанок на работната група за уставните измени. Усвоен Деловникот за работа. Се најавува позасилена динамика за подготовка на нацрт-текстот на Преамбулата…

Немаме мандат да се впуштаме во суштинска расправа за други предлози на членови на работната група, освен за заклучоците од Собранието за преговарачката рамка и решенијата од Владата за подготовка на нацрт-текстот за измени на Уставот, вели претседателката на работната група, Цаца Николовска. Деловникот за работа едногласно усвоен, но конкретна динамика за утврдување на предлогот, нема. Николовска се надева дека работната група брзо ќе ја заврши работата, во рамките на нивниот делокруг.
Членот на групата, потпретседателот на Алијанса за Албанците, Мехмеди, смета дека засега сè уште не се расправало за предлогот „20 проценти“, во Уставот да се замени со „албански јазик“.
Партиите од албанскиот блок, инсистираат покрај вметнувањето на Бугарите и други етнички заедници во Преамбулата, да се додаде и одредбата за утврдување на албанскиотм како втор службен јазик. Партиите од македонскиот блок се категорично против, со став дека нема основ за ваквото барање. Следниот состанок на работната група е закажан за 26-ти април.
Игор Панов
