Здравство

Ѓорѓиевски: Ако го нема срцето и столбот на здравствената заштита ќе има колапс на здравствениот систем

19.05.2023 16:12

Матичните лекари бараат решавање на проблемите кои со години се собираат. Готови закони стојат во фиоки во Министерството за здравство, трпат пациентите и семејните лекари кои први им пружаат помош на пациентите. Незадоволството на лекарите се одразува со нивно заминување во странство, надлежните треба да размислат кој ќе се грижи тогаш за граѓаните...

Од првиот симптом до дијагностика се чека по пет до шест месеци, велат матичните лекари. Нивните ординации се полни со млади пациенти со дијабет, хипертензии и аритмии. Ова е сериозен проблем со кој соочуваме, реагираме, но никој не презема ништо, велат од Здружението на општи лекари.

Хронично болните за препишување терапија мора да одат кај специјалист кој многу често е во Скопје. Иако многупати имаше најава од надлежните дека ова ќе се смени, засега нема ништо.

Здравствените власти не нè слушаат, па можеби Господ ќе нè чуе, рекоа матичните лекари кои на балони ги закачија нивните желби.

 

Наташа Јанчиќ Менковски