Детектирани ризиците за корупција во Општина Ново Село – изготвен прирачник со препораки
Со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер, стручен тим од правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“, детектирани се можните ризици за корупција во Општина Ново Село при што се изработени и препораки. Јавните набавки, човечките ресурси, урбанизмот се областите каде може да се појави корупција и побараа граѓаните да реагираат доколку се соочат со вакви негативни појави...

Зајакнување на капацитетите на општинската администрација но и соработката со граѓаните за избегнување на можните ризици од корупција. Ова е апелот од фондацијата „Конрад Аденауер“, со чија помош правниот факултет при УКИМ изработи прирачник со препораки. Даниел Браун од Фондацијата апелираше на имплементација на препораките но и почитување на законите.
Јавните набавки и управување со средствата на општината, управните постапки и односи со граѓаните, внатрешната организација и човечките ресурси, се областите кои се посочени како ризици од евентуална корупција на општина Ново Село. Првиот човек на општината најави доследно почитување на препораките.
Изминатите неколку месеци општинската администрација на Ново Село, беа дел од серијата обуки за процесот за препознавање на евентуални ризици од корупција, а после една година Фондацијата заедно со тимот од УКИМ ќе направат мониторинг колку препораките се применуваат.
Ване Трајков
