Театар

Премиера на „Аудиција“ за општествената болка – иселувањето

20.05.2023 11:12

Вечер прилепскиот театар ќе ја изведе првата премиера од годинашнава програма. Претставата „Аудиција“ говори отворено за најголемата општествена болка – иселувањето...

Претставата „Аудиција“ е горчлива комедија за најболната моментална тема – иселувањето и дилемите да се остане и да се соочиме со состојбите или да се замине по подобар живот. Да се подели живеењето на два дела – едно е овде, а другото е неизвесно таму некаде.

Актерите на прилепскиот ансамбл, велат дека имале лесна работа и совршена комуникација за темата толку блиска на сите генерации.

Оваа е прва премиера на претстава од годинашниот репертоар на прилепскиот театар. Текстот на Александар Галин е поставуван во целиот свет, а во Македонија за првпат пред десетина години.

 

Елизабета Митреска