Велес

Изработен е зелен катастар на Велес, пребројани се 2,5 илјади дрвја во градот

21.05.2023 09:20

Во Велес има 2,5 илјади садници дрвја а на 34 површини треба да се засадат нови садници. Потребни се и пешачки и велосипедски патеки, кои ги нема. Изработен е првиот зелен катастар на Велес...

Изработен е првиот зелен катастар во Велес, дел од проектот „Зелен мапа, за зелена заедница“. При изработката на зелениот катастар биле преброени, 2,5 илјади зимзелени и листопадни дрва во градот, мапирани се 34 површни каде треба да се засадат нови садници. Проектот е финансиски поддржан од Швајцарската влада.

Изработена е мобилна апликацијата која е објавена на Google Play Store. Проектот е работен шест месеци. Бил вршен мониторинг врз четири фокус точки ветувања на политичарите во изборниот период и нивна реализација, зеленило во градот, изградба на регионална депонија, развој на градски превоз, велосипедски и пешачки патеки во градот.

Малку или воопшто не се почитува законската обврска за 20 отсто зелена површина на секоја нова градежна парцела.

Констатирале дека е потребно да има пошумување на голите околини, на површните на езеро Младост со масовни акции, системски а не повремени пошумувања.

 

Петар Печков