Временска прогноза
Сончево и топло со мала до умерена облачност
20.05.2023 09:03
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец...

Денеска во најголемиот дел од земјата ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност која во попладневните часови ќе се зголемува од запад. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.
