Хирошима
Продолжува самитот на лидерите на Г7
20.05.2023 09:53
Достигнувањето на „глобалниот југ“ е темата на самитот, која ја нагласува и растечката економска важност на земјите како Индија и на кинеското продирање на пазарите во развој...

Украина повторно ќе биде во центарот на вниманието на водачите на групата седум на вториот ден од тридневниот самит во јапонскиот град Хирошима. Достигнувањето на „глобалниот југ“ е темата на самитот, која ја нагласува и растечката економска важност на земјите како Индија и на кинеското продирање на пазарите во развој.
Лидерите на групата седум го посетија градскиот споменик на мирот – споменик што го прикажува уништувањето предизвикано од атомската бомба. Ветија посветеност на „постигнување на свет без нуклеарно оружје.
