Италија

Жртви и материјална штета во поплавите во Италија

20.05.2023 09:56

Илјадници останаа без покрив над главата, се вршат евакуации. Новиот дожд буди страв кај многумина. За само два дена наврна количество вообичаено за половина година...

Над 10 луѓе загинаа во италијанскиот регион Емилија Ромања, кој е еден од најпогодените од поплавите. Илјадници останаа без покрив над главата, се вршат евакуации. Новиот дожд буди страв кај многумина. За само два дена наврна количество вообичаено за половина година.

Поради долгата претходна суша, почвата не можела да впие толкави количини вода.