Украина

Русија потроши две третини од своите ракети

20.05.2023 10:00

Продолжи интензивното гранатирање, најмасовно беше лансирањето на 30 ракети ноќта на 18 мај. Украина извести за уништување на 29 од нив...

Украинската воздушна одбрана успешно ги одбива руските ракетни напади со помош на системи обезбедени од западот. Од крајот на април, Русија продолжи со масовното гранатирање на градовите. Причината е можеби тоа што на Русија ѝ остануваат сè помалку проектили.
 
Од 28 април, кога продолжи интензивното гранатирање, најмасовно беше лансирањето на 30 ракети ноќта на 18 мај. Украина извести за уништување на 29 од нив, за време на други лансирања беа употребени околу 20-25 ракети.