Пет членови од Централното претседателство на ДУИ ја напуштија партијата
Централното претседателство изрази длабоко жалење за одлуката на петте члена да се самоповлечат, одлука која ја донесоа на состанокот на Централниот одбор одржана на 1-ви април годинава....

Откако петчлена на претседателството го напуштија ДУИ, Централното претседателство изрази длабоко жалење за одлуката на петте члена да се самоповлечат, одлука која ја донесоа на состанокот на Централниот одбор одржана на 1-ви април годинава.
На состанок на Централното претседателство на Демократската унија биле донесен и заклучок за забрзување на пат до евроинтеграцијата на земјава. Констатирано дека во нашиот регион се создава нова динамика како единствена можност за забрзан пат за интеграција на земјата во Европската унија, а преку уставните измени ќе се овозможи обезбедување европска иднина на државава.
Силно веруваме дека искористувајќи ги сегашните можности, ќе продолжиме да ја водиме нашата земја, заедно со коалициските партнери, кон европската интеграција за да обезбедиме посветла иднина, стабилност, благосостојба и просперитет за сите граѓани, се вели во соопштението од ДУИ.
