Мостот „Беласица“ сè уште е затворен и го обезбедува полиција
Првично изгледа дека мостот не е многу оштетен, оти бетонските мостови се поотпорни на пожари од челичните, смета дека анализата ќе покаже колку е оштетен и дали треба да се санира. Можно е доколку анализата е добра да биде отворена по една лента за функционирање на сообраќајот...

Во наредните 20-тина дена, реномираниот експерт Михаил Гаревски ќе спроведува детална анализа за состојбата на мостот. Вели дека првично изгледа дека мостот не е многу оштетен, оти бетонските мостови се поотпорни на пожари од челичните, смета дека анализата ќе покаже колку е оштетен и дали треба да се санира. Можно е доколку анализата е добра да биде отворена по една лента за функционирање на сообраќајот.
Градоначалничката Арсовска со оценка дека поради брзата реакција на пожарникарите, не е направена многу голема штета на мостот „Беласица“. Се надева дека по завршената анализа за безбедноста и евентуална санација, мостот набрзо ќе биде отворен за сообраќај.
Скопската градоначалничка како дезинформации ги оцени информациите дека градот Скопје е во банкрот. Откри дека веќе се потпишани договорите со приватните превозници, кои се очекува да почнат со работа во наредната недела.
Ирина Гелевска
