Цените на производите растат, владините интервенции не даваат големи ефекти
Цените на производите растат, владините интервенции врз основните продукти, не даваат големи ефекти на нашиот плиток џеб, се жалат тетовци. Познавачите на приликите, велат дека со увезената инфлација секоја држава многу потешко се справува, во услови кога имаме се помалку домашно производство...

На пазарите и во маркетите се помалку домашни производи. Услови и суровини за производство на македонски продукти имаме, но, на рафтовите и тезгите се продава се повеќе увезена стока.
Кога имаме увезена инфлација, крајниот потрошувач, плаќа екстремно високи цени, вели Универзитетската професорка Шенај Хаџимустафа. Државата мора да започне со подготовка на квалитетни стратегија, за создавање на производи и услуги.
Мерките кои ги презема Владата се можеби малку задоцнети, но сепак даваат ефекти, но тие се на краток рок. Крајните потрошувачи се приоритет, но при спроведување на било какви владини економски политики, мора да внимаваме и на бизнис секторот.
Веќе доцниме, но крајно време е да се преземат сериозни чекори, за зголемување на енергетските капацитети, оти при секоја криза, увезената струја, ја влошува домашната економија.
Во секоја стратегија, не треба да изостане човечкиот капитал, кој се помалку го имаме, особено образовните кадри кои ја напуштаат државата, а ние како систем не успеавме да ги задржиме, додава професорската Хаџимустафа.
Зоран Димовски
