Македонија
Приведена припадничка на АРМ поради поткуп
20.05.2023 13:09
Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да даде 3.000 илјади евра за да биде вработен...

Во заедничко дејствување, припадниците на службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство привеле припадничка на АРМ, поради вршење кривично дело поткуп. Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да даде 3.000 илјади евра за да биде вработен.
Кандидатот е успешен и секако ќе биде примен, но вработената е лишена од слобода, ќе го загуби работното место и ќе биде кривично гонета, исто како и нејзините соучесници, напиша министерката Петровска на својот фејсбук-профил.
