Регион

Утре избори во Грција

20.05.2023 13:23

Грците в недела излегуваат на најнеизвесните национални избори во последната деценија, последните анкети покажуваат дека конзервативниот премиер Мицотакис има речиси шест проценти предност пред неговиот најблизок ривал и претходник, левичарот Ципрас...

Грците в недела излегуваат на најнеизвесните национални избори во последната деценија, последните анкети покажуваат дека конзервативниот премиер Мицотакис има речиси шест проценти предност пред неговиот најблизок ривал и претходник, левичарот Ципрас.

Мицотакис им се обрати на следбениците на главниот предизборен митинг во атинската област Тесио, рече дека Владата на неа демократија се соочила со неколку предизвици во последните четири години, но излегла како победник.

„Повторно се среќаваме на истото место. Четири години по триумфот во 2019 година и неколку часа пред новата голема победа на нова демократија. Цела Грција, цела Атина е сина, сината боја е поврзани со партијата нова демократија, и сите сме повторно заедно овде, во срцето на Атина, подготвени да дадеме втор мандат за напредок“, изјави Киријакос Мицотакис – премиер на Грција.

Ги подвлече клучните цели за новиот четиригодишен мандат, како „подобри плати за сите, нов национален здравствен систем и ефикасна држава.

Мицотакис има висок рејтинг во унијата поради справувањето со ковид-пандемијата и со енергетската криза, но затоа грците му забележуваат дека не успеал да го контролира галопирачкиот раст на инфлацијата и цените.

Лидерот на главната грчка опозициска партија, Сириза, Ципрас, му возврати на Мицотакис велејќи дека ја „претворил палатата Максимос во центар на нелегално следење и прислушување“. Афера што речиси ја урна Владата на Мицотакис лани.

„г. Мицотакис ја претвори палатата канцеларијата на премиерот од палата на демократијата во центар на нелегално следење и прислушување. Ја злоупотреби правосудната состојба, тој го направи шпионскиот софтвер заштитен знак на неговата моќ“, изјави Алексис Ципрас - лидер на Сириза.

Кај јужниот сосед, подготовките за спроведувањето на парламентарните избори се во тек.

„Камионот на општината го донесе изборниот материјал. Ние, службениците заедно со нашиот надзорник, ги примивме гласачките кутии, кабините и гласачките ливчиња“, изјави  Џени Голија - службеничка во општина Атина.

Гласачите треба да изберат 300 пратеници со мандат од четири години. Во Грција 9,8 милиони грци имаат право на глас. Возраста за гласање според најавите треба да се намали на 17 години.

 

Марина Ристова