Судан
Судирите во Судан продолжуваат, раселени над милион луѓе
20.05.2023 14:25
Судирите меѓу армијата и паравоените сили влегоа во петтата недела, продлабочувајќи ја хуманитарната криза која расели повеќе од милион луѓе...

Суданската престолнина Картум и соседниот град Бахри, во изминатото деноноќие повторно биле цел на воздушни напади. Судирите меѓу армијата и паравоените сили влегоа во петтата недела, продлабочувајќи ја хуманитарната криза која расели повеќе од милион луѓе.
Околу 843.000 луѓе се внатрешно раселени, а уште 250.000 го напуштиле Судан за време од почетокот на конфликтот. Досега нема напредок во преговорите меѓу двете страни за прекин на огнот.
