Прва пресуда во Стразбур за осудените од 27-ми април
Одолговлекувањето и замената на притворот со затвор придонесе поранешна вработена во Собранието да ја добие тужбата во Судот за човекови права во Стразбур. Осудените за 27 април бараат правда, а не пари став на ВМРО-ДПМНЕ. Пресудите мора да се почитуваат, но да не се заборави посегнувањето по животите на пратениците, велат во ВМРО-ДПМНЕ....

Поранешната вработена во Собранието, Елена Доцевска-Божиновска ја доби тужбата против државата, Судот во Стразбур пресуди дека и биле прекршени правата при постапката за одредување притвор, во нападот на Собранието на 27 април.
Случајот се однесува за неможноста на барателката, а која била дел од толпата на 27 април, да ги оспори поднесоците на јавниот обвинител во постапката за нејзиниот притвор. Според пресудата, на 30 ноември 2017 година, совет од тројца судии на Основниот суд Скопје му го заменил куќниот притвор на апликантот со притвор во затвор.
Државата сега треба да и плати на Доцевска-Божиновска 1.600 евра.
За ВМРО-ДПМНЕ Одлуката од Стразбур за е победа на правда, а пораз за власта.
Одлуките на Судот за човекови права треба да се почитуваат-став на СДСМ. Сепак од таму велат дека тоа не го менува фактот дека 27 април е ден од најцрните денови на независна Македонија, удар врз демократијата обид да се предизвикаат немири и нестабилност како и обид да се посегне по животот на пратениците.
Марина Стојанова Тонева
