Пожарникари

Град Скопје има двојно помалку пожарникари од потребното

20.05.2023 16:38

Недостиг од возила, недостиг од пожарникари. Но и во вакви услови, на денот на пожарникарството, се интервенира навреме и се гаснат пожарите. Се грижат за безбедноста на имотите и на лицата, и при прославата во автокоманда не одминаа да ја покажат подготвеноста на показна вежба...

Пожарот на мостот „Беласица“ е последната интервенција на пожарникарот Пешевски кој заминува во пензија. 35 години бил на ниво на задачата, да се спасат луѓе, да се стивнат пламените јазици.

Кога би можел да избира Пешевски повторно би бил пожарникар. Оваа возбудлива професија и други ја посакуваат, вели првиот човек на скопските пожарникари има интерес, но при процесот на вработување има административен застој. Засега има двојно помалку пожарникари од неопходното.

На пожарникарите и натаму им недостига возила и персонал, пречки при пристапот до пожарите имаат и поради непланската урбанизација. Сепак како и во реалната ситуација на терен, на вежбата ја покажаа подготвеноста да интервенираат за заштита на имотите и на луѓето.

 

 

Наташа Јанчиќ Менковски