Црна Гора

Јаков Милатовиќ денес положи заклетва, Црна Гора доби нов претседател

20.05.2023 17:12

Заврши свечената церемонија на инаугурација на новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Тој положи заклетва во црногорскиот Парламент и стапи на должност претседател на државата...

Заврши свечената церемонија на инаугурација на новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Тој положи заклетва во црногорскиот Парламент и стапи на должност претседател на државата. Во својот говор рече дека за него е голема чест и гордост што ја презема должноста претседател на Црна Гора свеченоста присуствуваа досегашниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, поранешниот претседател на Црна Гора, Филип Вујановиќ, поранешните премиери Здравко Кривокапиќ и Игор Лукшиќ, специјалниот пратеник на САД за западен Балкан, Габриел Ескобар.

Милатовиќ доминантно го победи Мило Ѓукановиќ во вториот круг од претседателските избори, на почетокот на април годинава. На 11 јуни земјата ја очекуваат парламентарни избори.