Комисијата одлучи, студентите ќе добијат бесплатен јавен превоз во Скопје
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација одлучи дека студентите од приватните факултети имаат право на бесплатен јавен превоз во Скопје. Град Скопје има рок од 60 дена да им го оствари ова право. Македонската телевизија претходно информираше за проблемот на овие студенти. Голем дел велат се со стипендии и поволноста ќе им е значајна во ваква економска криза...

Студентите од приватните факултети ќе добијат бесплатен јавен градски превоз во Скопје. По доставените претставки Комисијата за спречување и заштита од дискриминација одлучи дека студентите имаат право на оваа поволност. Овие студенти претходно за македонската телевизија зборуваа дека им е ускратено правото како и нивните колеги од државните факултети, иако добиваат стипендија и субвенциониран оброк. Нагласија дека се образуваат на приватни факултети, но голем дел од нив се со стипендии и доаѓаат од работнички семејства. По доставените претставки комисијата утврди дискриминација и даде рок од 60 дена Град Скопје да им го овозможи ова право.
„Три години сум стипендист, а има исто така и многу други студенти кои се со стипендија, јас сум со половична, има студенти со целосни стипендии, навистина ова за нас е големо олеснување и можам да кажам дека конечно правдата дојде на видело“, вели Мила Петрушевска, претседателка на УСС на ФОН.
Студентите посочуваат дека и во иднина ќе се продолжат да се залагаат за решавање на нивните прашања. Укажуваат дека доцни ветената реконструкција на студентските домови, но и исплатата за студентскиот оброк. Велат средствата иако се ниски, се од големо значење за нас особено во ваква економска криза.
Елена Георгиевска
