Русија

Реакција на Русија за авионите Ф-16 за Украина

20.05.2023 17:58

Западните земји се соочуваат со „колосален ризик“ доколку ја снабдат Украина со млазни авиони Ф-16 предупреди Кремљ...

Западните земји се соочуваат со „колосален ризик“ доколку ја снабдат Украина со млазни авиони Ф-16 предупреди Кремљ. Заменикот на Лавров, Александер Грушко оцени дека западните земји останале приврзани на сценариото за ескалација на кризата. Затоа се подготвуваме со наши контра мерки, рече заменикот министер за надворешни на Русија.

Претходно во јапонска Хирошима, американскиот претседател Бајден пред лидерите на најразвиените земји рече дека Белата куќа ја поддржува обуката на украинските пилоти на авионите Ф-16.