Ин мемориам

На 84-годишна возраст почина сликарот Таки Павловски

20.05.2023 11:38

Таки Павловски оствари значаен придонес во развојот на македонската ликовна уметност и култура и ја претставуваше во повеќе европски центри. Беше сценограф и основоположник на професионалната сценографија во текот на работниот век во Македонската радио-телевизија...

Таки Павловски оствари значаен придонес во развојот на македонската ликовна уметност и култура и ја претставуваше во повеќе европски центри. Беше сценограф и основоположник на професионалната сценографија во текот на работниот век во Македонската радио-телевизија, каде оствари антологиски сценографски решенија на голем број на телевизиски емисии и филмови. Павловски беше и професор на Факултетот на ликовни уметности.

Реализирал мноштво самостојни изложби во земјата и во странство, и добитник е на повеќе награди, меѓу кои Гран при на ДЛУМ, награда за сликарство 11 Октомври, Награда за животно дело и Гран при за животно дело Остен.

Семејството и пријателите ќе се простат од Таки Павловски во недела в 12 часот на градските гробишта Бутел.