Куп на Македонија

Куп пехарот за Македонија ЃП

20.05.2023 21:40

Екипата на Македонија Ѓорче Петров е победник на јубилејното 30-то издание од фудбалскиот Куп на Македонија...

Екипата на Македонија Ѓорче Петров е победник на јубилејното 30-то издание од фудбалскиот Куп на Македонија. „Лавовите“ од Ѓорче го играа своето петто финале и стигнаа до третиот трофеј.

Иницијативата стружани ја материјализираа во 78. минута преку Незири кој ја нафрли топката од десната страна, Стефковски го одбрани ударот на Радиќ, но на одбиената топка налета Јусуфи и ја смести во голот. До крајот немаше возбудувања, па натпреварот влезе во дополнителните 30 минути. По основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 1:1.

Натпреварот по 120 минути игра заврши 1:1, а пенал-рулетот и припадна на Македонија ЃП со 2:0.