Македонија
Се запалил автобус во движење на делницата од Охрид кон Кичево
21.05.2023 08:56
Автобус во движење се запалил кај Извор, на делницата од Охрид кон Кичево, автобусот немал патници, а возачот успеал на време да излезе и да се спаси...

Синоќа, автобус во движење се запалил кај Извор, на делницата од Охрид кон Кичево. Поради оваа несреќа, патниот правец на тој дел најпрво беше затворен за сообраќај, а потоа беше овозможено наизменично минување по една коловозна лента.
Автобусот немал патници, а возачот успеал на време да излезе и да се спаси.
