Полесно живеење со хроничните болки

14.05.2014 11:39

Емотивните последици од хроничните болки уште повеќе ги засилуваат болките. Чувствата на вознемиреност, стрес, депресија, бес и исцрпеност влијаат на комплексен начин врз хроничните болки и можат да ја намалат способноста на организмот да лачи природни смирувачи на болки.Постојат повеќе ефективни третмани за ослободување од болките. Успешен третман значи долгорочен план кој вклучува различни активности:лекарски прегледи,физикална терапија,психолошко советување и ерготерапија. Научете како да се релаксирате со длабоко вдишување на воздух или со други техники за справување со стресот.

Емотивните последици од хроничните болки уште повеќе ги засилуваат болките. Чувствата на вознемиреност, стрес, депресија, бес и исцрпеност влијаат на комплексен начин врз хроничните болки и можат да ја намалат способноста на организмот да лачи природни смирувачи на болки.Постојат повеќе ефективни третмани за ослободување од болките. Успешен третман значи долгорочен план кој вклучува различни активности:лекарски прегледи,физикална терапија,психолошко советување и ерготерапија. Научете како да се релаксирате со длабоко вдишување на воздух или со други техники за справување со стресот. Поставете достижни цели и не се форсирајте кога немате болки; одржувајте ритам кој ви одговара. Вклучете позитивни мисли за самите себе (истакнувајте ги позитивните квалитети). Одвојте време за одмор, вежбање и релаксирање во вашите секојдневни активности. Научете нешто повеќе за лекарствата кои ги примате - корисните страни, но и несаканите ефекти. Доколку има повеќе „штета“, а помалку корист, консултирајте се со лекар за евентуална замена на терапијата. Намалете или тотално елиминирајте конзумирање на алкохолни пијалоци. Болките го нарушуваат сонот, но со алкохолот уште повеќе се нарушува нормалниот циклус на спиење. Откажете се од пушењето цигари. Цигарите го успоруваат процесот на оздравување и се идентификувани како ризичен фактор за многу заболувања. Цигарите се причина и за дегенеративните заболувања на дисковите кои предизвикуваат болки во долниот дел на грбот и половината.

 

Потребни витамини

Бета-каротин-Природен извор: моркови, спанаќ, кељ, диња.
Дејство: Антиоксиданс кој е особено важен за превенција на рак.
Додатоците со бета-каротин во некои случаи го зголемуваат ризикот од рак на белите дробови кај пушачите, а не постојат научни докази дека спречуваат други форми на рак. Вклучете ги природните извори на оваа супстанца во исхраната и не земајте додатоци.

Фолна киселина -Природен извор: моркови, спанаќ, кељ, диња.
Дејство: Антиоксиданс кој е особено важен за превенција на рак.
Додатоците со бета-каротин во некои случаи го зголемуваат ризикот од рак на белите дробови кај пушачите, а не постојат научни докази дека спречуваат други форми на рак. Вклучете ги природните извори на оваа супстанца во исхраната и не земајте додатоци.

Селен-Природни извори: бразилски оревчиња, туна, говедско месо.
Дејство: Превенција од рак, особено рак на простатата.
Во една студија од 2007 година било заклучено дека ризикот од дијабетес тип 2 се зголемува за 50 проценти кај луѓето кои земале додаток од 200 микрограма селен дневно. Во тек е голема студија за да се утврди дали селенот помага во превенција од рак на простатата, но таа ќе заврши дури во 2013.

Витамин Б6-Природни извори: печени компири, банани, леблебии.
Дејство: Спречува намалување на менталната способност и го намалува нивото на хомоцистеин.
Во две студии, истражувачите не најдоа дефинитивни докази дека овој витамин го има дејството во насока на спречување на намалувањето на менталната способност. Се покажа дека навистина го намалува нивото на хомоцистеин, но не е јасно дали тоа е доволно за да се спречат срцевите удари. Не го земајте во додатоци, освен ако тоа го препорача лекар.

Витамин Б12-Природни извори: риба и школки, говедско месо, интегрален леб, мусли.
Дејство: Го спречува губењето на меморијата предизвикано од старост и го зголемува нивото на енергија.
Недостигот од овој витамин кај постарите лица може да предизвика анемија и нарушување на менталната способност, но не е докажано дека високите дози на Б12 го спречуваат влошувањето на менталната состојба, ниту пак дека ја зголемуваат енергијата.

Витамин Ц -Природни извори: цитрусни овошја, лубеница, домати.
Дејство: Го намалува ризикот од настинка, но делува и како антиоксиданс кој се бори против развојот на рак и го намалува ризикот од заболувања на срцето.
Најголемите медицински студии не најдоа доказ дека витаминот Ц спречува настинка. Исклучок од ова правило се луѓето кои живеат на постудени места или се изложени на екстремен физички стрес, како што е трчањето маратони. На пушачите им е потребно поголема доза витамин Ц.