Скопје

Денеска поради вежби повремено затворени улици во Скопје

21.05.2023 08:08

Денеска од 08 до 12 часот, канцеларијата за безбедност на Амбасадата на САД и Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија ќе одржат заедничка обука за безбедност во и околу дипломатската резиденција во Скопје...

Денеска од 08 до 12 часот, канцеларијата за безбедност на Амбасадата на САД и Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија ќе одржат заедничка обука за безбедност во и околу дипломатската резиденција во Скопје.

Поради вежбата, привремено се затворени улиците околу амбасадата. Оваа вежба е дел од нашите редовни обуки за безбедност и сигурност со македонското Министерство за внатрешни работи и има за цел да ја зајакне нашата безбедносна подготвеност и да го надгради нашето силно партнерство, велат од Амбасадата на САД.