Струмица

Се истражува локалитетот околу средновековната црква Св. 40 во струмичко Банско

21.05.2023 09:32

Стручен тим од Заводот и Музеј од Струмица по пауза од 40 години ги продолжуваат археолошките истражувања околу средновековната црква Св. 40 Севастиски маченици која се смета дека било епископско седиште. Археолозите сметаат дека Банско бил важен комуникациски центар во средниот век на што упатуваат сите досегашни наоди и може да биде основа за привлекување на поголем број туристи.

По речиси четири децении откако е откриен локалитетот Св. 40 Севастиски маченици во Банско, археолозите од Заводот и Музеј Струмица повторно вршат истражувања. Како што информираа целта е да се открие дополнителната архитектура околу откриената средновековна црква која датира од 12 век која се смета дека била епископско седиште.

Како што тврди Цветанов, Банско била значаен комуникациски центар во средниот век. На тоа упатуваат сите досегашни наоди и археолошки локалитети.

Средновековната црква Св. 40 е пронајдена далечната 1984 година. Минатата година со средства од Министерството култура, Завод и Музеј Струмица, изврши конзервација и реставрација на бедемите на ова средновековна црква кои беа оштетени од временските влијанија.

 

 

Ване Трајков