Парламентарни избори во Грција
Општи избори во Грција на кои најверојатно нема да има јасен победни. Доколку политичките партии не се согласат на коалиција...

Општи избори во Грција на кои најверојатно нема да има јасен победни. Доколку политичките партии не се согласат на коалиција, се очекува следните избори да се одржат во јули. Анкетите предвидуваат дека владејачката конзервативна партија Нова демократија ќе освои најмногу гласови, но поради промените во изборниот систем во земјата веројатно нема да добие апсолутно мнозинство.
Нова демократија на чело со премиерот Мицотакис, според анкетите, ќе добие меѓу 31 и 38 насто од гласовите. На второ место е левичарската опозициска партија Сириза, која би требало да има 4-7 проценти помалку.
Право на глас имаат нешто помалку од 10 милиони Грци.
