Судан

Загинаа стотици цивили, илјадници се повредени во Судан

21.05.2023 09:49

Бројот на цивили кои загинаа во судирите меѓу суданската армија и силите за брза поддршка достигна 850, околу 3.400 се повредени...

Бројот на цивили кои загинаа во судирите меѓу суданската армија и силите за брза поддршка достигна 850, околу 3.400 се повредени. Се посочува дека бројот на настрадани може да биде многу поголем, бидејќи лекарите немаат пристап до многу болници, особено тие надвор од главниот град Картум.

Во меѓувреме е договорен привремен прекин на огнот во Судан откако борбите меѓу две завојувани фракции влегоа во шестата недела.

Претходните обиди за примирје пропаѓаа набрзо по почетокот.