Белгија

Пендаровски на работна посета во Белгија

21.05.2023 13:37

Во рамките на работната посета на Белгија, претседателот ќе се обрати пред претставници на белгиски компании, пред кои ќе бидат презентирани економските потенцијали...

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 23 мај престојува во работна посета на кралството Белгија. Во рамките на посетата, претседателот Пендаровски ќе има аудиенција кај кралот Филип и ќе оствари средби со премиерот на кралството Белгија, Александер Де Кро. Со македонската делегација се и министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски.

Во рамките на работната посета на Белгија, претседателот ќе се обрати пред претставници на белгиски компании, пред кои ќе бидат презентирани економските потенцијали и инвестициските можности во земјава.