„Виножито“ не учествува на грчките избори
Грција пред одлука, лево или десно или втор круг. Македонската партија „Виножито“ не може да гласа во Грција, присутна само на Европските избори...

И по пет години од преспанскиот, многу грчки партии се противат на склучениот договор. Партијата на Македонците во Грција „Виножито“ не може да учествува на грчките парламентарни избори оти за тоа се потребни многу финансиски средства поврзани со изборниот материјал, велат од „Виножито“.
Досега имаат можност само да учествуваат на изборите за Европскиот Парламент. На овие избори велат, Македонците не се тема на кампањата, но десничарските партии и натаму се против договореното во преспанскиот договор. Од новата грчка Влада зависно кој ќе победи на изборите, од „Виножито“ очекуваат грчката држава да го унапреди користењето на македонскиот јазик. Со одлуки на грчките судови, македонскиот јазик може да се употребува јавно и главно се изучува на интернет, бидејќи третата генерација Македонци се помалку го зборуваат.
Македонската партија „Виножито“ учествува на европските избори од 2009-та, а на последните во 2019-та во коалиција со Европската слободна алијанса освоија четири илјади гласови повеќе од 2014-та.
Ирина Гелевска
