Македонија

Демографски процеси во Битола и младите од недефицитарните струки ја напуштаат земјава

21.05.2023 16:23

Од една страна последните години бројот на новородени деца се намалува, а од друга страна се зголемува бројот на граѓани кој потрагата по подобра заработувачка ја бараат во другите земји. Mладите сакаат да заминат од земјава, покажуваат анкетите. Се одлива и секаков вид на друг кадар од најразлични дејности како и високообрзованиот кадар. Експертите ја анализираат тезата „Повратен билет, ќе се вратиме ли дома?...

Ако за минатиот век карактеристично беше печалбарството, во кое главно мажите печалеа и најголем дел се враќаа бидејќи во мислите беа со семејството и татковината последниве неколку децении, парадигмата е како и што поскоро да се повлече и семејството. Анкетите покажуваат дека дури 67 отсто од младите, сакаат да си заминат од земјава но и дека е предизвик кој ги допира и останатите граѓани кој се докажани кадри во своите дејности велат експертите.

Оние кои не можат да обезбедат билет во еден правец излезот го бараат во привремените работни визи. Само за Хрватска годинава аплицирале над 5.000 лица или двојно повеќе од лани. Од агенциите за овластени преводи велат обемот на работа е зголемен за 50 посто а посакувана земја е и Германија.

Лузна остава одливот на секој кадар но најголема општествена ерозија носи губењето на големите умови додаваат експертите.

Јовевски дециден, ние не можеме да работиме на сузбивање на тезата „Повратен билет, ќе се вратиме ли дома?“,ако не ја подигнеме превенцијата преку решавањето на суштинските причини од кои две се водечки економската и правната атмосфера во државата.

 

Стевче Митревски