Тетово

Тетово формираше Совет за превенција од детско престапништво

21.05.2023 16:57

Советот брои 17 членови од повеќе институции. Ќе работи во повеќе насоки, а пред сè ќе делува превентивно...

Општина Тетово формираше Совет за превенција од детско престапништво, по зачестените кривични дела кои ги вршеа малолетници. Советот брои 17 членови од повеќе институции. Ќе работи во повеќе насоки, а пред сè ќе делува превентивно.

Работа со учениците, но и со кадарот во училиштата, ќе биде главниот приоритет, на новоформираниот Совет за превенција од детско престапништво. Превенцијата велат од Советот е најдобар начин за намалување на се поголемиот број на кривични дела, кои ги вршат малолетниците.

Децата – престапници се најчесто сторители на кривични дела против имотот, продажба и употреба на наркотици, но има дури и убиства.

 

Зоран Димовски