Македонски Брод

Македонски Брод бара изградба на пат до Скопје

21.05.2023 17:34

Поречани и Македонски Брод не се откажуваат од децениската битка да добијат побрз пат до Скопје. Ветувањата останале на хартија, а патниците речиси трипати подолго патуваат до метрополата. Поради тоа, Регионот е во стагнација...

Наместо за 80 километри да се патува од Македонски Брод до Скопје, мора да се поминат 200 километри. И со посебен режим поради резерватот Јасен. Поречани честопати протестираа и бараа, но никако да се најдат на дневен ред на државата – да им се овозможи да стигнат до метрополата побрзо и да го развиваат регионот.

Меѓу најголемите проблеми се околу 30 километри кај мостот Белица кој е тесен. Имало ветувања дека се во програмата за доработка и измена на проектната документација, но од тоа нема ништо. Поречани и Македонски Брод не се откажуваат од децениската битка.

Поречието со еколошката природа го чека својот развој. Условот е патната инфраструктура.

 

Елизабета Митреска