Ден на власите

Министерот Бочварски на настан по повод Националниот ден на Власите

21.05.2023 18:04

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска се обрати на настан по повод Националниот ден на Власите во организација на Меѓународниот сојуз на Власите во Македонија...

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска се обрати на настан по повод Националниот ден на Власите во организација на Меѓународниот сојуз на Власите во Македонија.

Министерот Бочварски во продолжение интегралното обраќање изјави дека „Особена е честа и задоволство денеска заедно да го прославиме Националниот ден на Власите. Власите од целиот свет се навраќаат и се сеќаваат на своето славно минато, ги слават своите славни историски имиња, но изразуваат и голема благодарност на народите со кои живеат со векови и кои во одредени историски периоди помогнале во нивното битисување. Огромна е улогата на Власите во историските настани на немирниот Балкан. Историјата запишала дека во времето кога се создавале новите национални балкански држави, овие потомци на овој стар народ, биле рамо до рамо со сите херои. Во своето постоење биле и дел од граѓанскиот сталеж и интелектуалната, политичката и економската елита на овие простори.

Јас сум роден сум и израснат во Штип, град во којшто живеат многу Власи. Имам многу другари и пријатели Власи и можам да кажам дека тоа се добри домаќини, еснаф луѓе, вредни и прекрасни пријатели. И можам слободно да спомнам дека највпечатлив дел од нивната традиција е свадбеното знаме без кое не се започнува ниту една влашка свадба“.