Штип

Општините од истокот се подготвуваат за прскање против комарци

21.05.2023 16:47

Почнаа подготовките за прскање против комарци во источниот регион, но и годинава нема да има сеопфатно регионално запрашување. Градоначалниците велат дека парцијалното и некоординирано прскање е скапо и не ги дава очекуваните резултати...

И годинава изостана регионалниот пристап во борбата против комарците во источниот регион. Општините се подготвуваат за прскање, но поголем ефект градоначалниците не очекуваат заради тоа што нема координирано целосно запрашување на оризовите полиња кои се главни жаришта на комарците.

Штип и Кочани за комбинирани прскање против комарци ќе одвојат по два милиони денари, а во Чешиново-Облешево прскањето ќе го реализира Министерството за транспорт и врски. Општина Свети Николе планира запрашување само од воздух.

Осумдесет милиони денари се потребни за сеопфатно прскање против комарци во целиот источен регион. Градоначалниците се согласни дека само со регионалното запрашување ќе се постигне посакуваниот ефект.

 

Славица Величковска