Италија

Над 36 илјади раселени поради поплавите во Италија

21.05.2023 15:50

Повеќе од 36 илјади луѓе беа принудени да ги напуштат домовите поради опасните поплави во североисточна Италија...

Повеќе од 36 илјади луѓе беа принудени да ги напуштат домовите поради опасните поплави во североисточна Италија. Подигнатите нивоа на реките проголтаа куќи, а свлечиштата изолираа неколку населени места. Во поплавите досега загинаа 14 луѓе и улиците во регионот Емилија Ромања се претворени во реки по обилните дождови.

Италијанската премиерка Мелони, предвреме замина од самитот на групата седум најразвиени во Јапонија за да помогне во справувањето со поплавите.