ПСЖ го дели еден бод до титулата
Парижани ја оправдаа улогата на фаворити на гости во 36. коло од Лига 1 и славеа на гостувањето кај Оксер со 2:1...

Пари Сен Жермен победи на гости кај Оксер со 2:1 благодарение на двата гола на Килијан Мбапе. Парижани ја оправдаа улогата на фаворити на гости во 36. коло од Лига 1 и славеа на гостувањето кај Оксер со 2:1. Уште во стартните 10 минути фаворитот ги реши сите дилеми.
Најпрво во шестата минута по асистенција на Руис, Мбапе погоди за 1:0, а само две минути подоцна Лионел Меси беше асистент, а стрелецот беше ист. ПСЖ на врвот на табелата има 84 бодови, шест повеќе од вториот Ленс, што значи дека во последните две кола останува светците и теоретски да ја обезбедат титулата.
За ПСЖ тоа ќе биде рекордна 11 титула во француското првенство.
