Нова демократија убедливо води на парламентарните избори во Грција
Грчката владејачка партија Нова демократија убедливо води на парламентарните избори кои се одржаа на 21 мај, но не го достигна цензусот потребен за самостојно да формираат влада...

Грчката владејачка партија Нова демократија убедливо води на парламентарните избори кои се одржаа на 21 мај, но не го достигна цензусот потребен за самостојно да формираат влада, јавува Ројтерс. Грчкото Министерство за внатрешни работи предвидува дека Нова демократија би можела да освои 145 места во парламентот, шест помалку од апсолутното мнозинство.
Во понеделник, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу ќе им даде на трите најголеми партии – Нова демократија, Сириза и социјалистичката ПАСОК – по три дена за да формираат коалициска влада.
Ако сите не успеат, Сакеларопулу ќе назначи преодна влада која ќе подготви нови избори околу еден месец подоцна.
