кабинет

Работна посета на претседателот Стево Пендаровски на Кралството Белгија

22.05.2023 09:07

Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски ќе има аудиенција кај Кралот Филип и ќе оствари средби со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро, претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент, Елијан Тилие и со претседателката на Сенатот на белгискиот Парламент, Стефани Д’Ос...

Претседателот Стево Пендаровски е во работна посета на Кралството Белгија. Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски ќе има аудиенција кај Кралот Филип и ќе оствари средби со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро, претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент, Елијан Тилие и со претседателката на Сенатот на белгискиот Парламент, Стефани Д’Ос.

Во состав на официјалната делегација предводена од претседателот Пендаровски се министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски.

Во рамки на работната посета на Белгија, претседателот ќе се обрати пред претставници на белгиски компании, пред кои ќе бидат презентирани економските потенцијали и инвестициските можности во Северна Македонија, во соработка со Стопанска комора Антверпен Васланд (VOKA), Агенцијата за извоз и странски инвестиции на Валонија (AWEX), Агенцијата за инвестиции и трговија на Фландрија (FIT) и Бриселската агенција за поддршка на бизнисот, ХАБ Брисел.