МВР

Санкционирани 170 возачи во Скопје

22.05.2023 09:09

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкција, седум мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, информираат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи.