Јанакиески во работна посета на Турција

30.11.2013 11:30

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески престојува во работна посета на Република Турција и учествува на меѓународниот „Конгрес за туризам“, кој се одржува во Анталија.

Во рамките на конгресот за туризам, министерот Јанакиески се обрати пред присутните учесници и гости, презентирајќи ги можностите за инвестирање во туристичките развојни зони во Република Македонија.

Во своето обраќање, министерот Јанакиески посочи дека Македонија од ден на ден станува се повеќе интересна за туристите и ги презентираше можностите за реализација на нови инвестиции во нашите најпосетувани туристички дестинации.

 Во својата презентација, министерот Јанакиески се осврна на пристапноста на Република Македонија и на зголемениот број на директни летови од и до реновираните и модернизирани аеродроми во земјава.

Присутните на конгресот за туризам во Анталија, исто така имаа можност да се запознаат со проектот на Владата на Република Македонија за привлекување на нови инвестиции во туристичкиот сектор, преку формирање на туристички развојни зони.

На конгресот за туризам присуствуваа повеќе од 1.000 инвеститори и претставници на компании и организации кои работат во делот на туризмот, хотелиерството и организирањето  патувања. Еден од говорителите беше и поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер, а како дел од македонската делегација присуствуваа и претставници од Агенцијата за промоција на туризмот.