Одложено судењето на Вранишковски

14.05.2014 12:59

Расправата е одложена бидејќи Вранишковски не беше донесен во судот, а не се појавија и дел од обвинетите...

Во скопска Апелација не се одржа расправата по жалбите на решението за тригодишната затворска казна на Јован Вранишковски во случајот „Расколник“ кој се смета за еден вид продолжение на случајот со проневерата на 250 илјади евра црковни пари, кои Вранишковски одлежува три години затворска казна.
 
Расправата е одложена бидејќи Вранишковски не беше донесен во судот, а не се појавија и дел од обвинетите. 
 
Неизвесно е како ќе влијае исходот од апелација на одлуката на синодот на српската православна црква за продолжување на разговорите со Синодот на Македонската православна црква.
 
Случајот Вранишковски, пак, синодот на МПЦ ќе го разгледува за еден месец. 
 
Ова е ѕид меѓу македонските и српските владици за продолжување на преговорите за решавање на статусот на Македнската православна црква.