Грција

Мицотакис прогласи победа и најави ново гласање

22.05.2023 09:51

Со освоени над 40 насто од гласовите, двојно повеќе од СИРИЗА, актуелниот грчки премиер Киријакос Мицотакис прогласи победа на неговата партија Нова демократија на парламентарните избори во Грција...

Со освоени над 40 насто од гласовите, двојно повеќе од СИРИЗА, актуелниот грчки премиер Киријакос Мицотакис прогласи победа на неговата партија Нова демократија на парламентарните избори во Грција.

Сепак, поради пропорционалниот модел не може да формира еднопартиска влада, поради што земјата ќе оди на втори избори. Нова демократија обезбеди 146 пратеници, пет помалку од потребниот минимум за мнозинство во Парламентот, кој овој пат го сочинуваат пет партии.

На второто место СИРИЗА, трета е ПАСОК-движење на промена, а потоа следат Комунистичката партија и Грчко решение.