Русија

Русија: Предупредување од можната испорака на Ф-16 на Украина

22.05.2023 10:04

Русија го предупреди НАТО да не се меша во конфликтот. Трансферот на авионите го отвора прашањето за вмешаност на НАТО во конфликтот...

Иако, сè уште официјално не е донесена одлука за испорака на борбени авиони Ф-16 во Украина, Русија го предупреди НАТО да не се меша во конфликтот. Трансферот на авионите го отвора прашањето за вмешаност на НАТО во конфликтот.

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, во соопштение наведе дека секој украински напад на Крим ќе се смета за напад врз Русија. Претходно, американскиот претседател, Бајден, рече дека Вашингтон ги поддржува заеднички програми за обука на украинските војници за Ф-16, иако сојузниците на Киев сè уште не донеле конкретни одлуки за борбените авиони.